Top Sport

Вардар со младински тим загуби од Силекс

Вардар со целосен состав со младинци загуби во 22. коло од Првата лига со 2:3 од Силекс, дозволувајќи Шкендија да остане на 14 поени предност на врвот на табелата.

Во знак на протест по случките околу мечот Академија Пандев-Шкендија, во кој лидерот немаше играч од младиот состав, но ФФМ ја одби жалбата на Академија Пандев, Вардар реши старото дерби со Силекс да го одигра со 10 играчи од младинскиот состав (под 21 година).

Вардарци дојдоа до водство уште во втората минута преку Јован Попзлатанов. Меѓутоа, до крајот на полувремето, Силекс направи пресврт и преку Глигоров, Филиповиќ и со автоголот на Реџепи направија водство од 1:3. Попзлатанов го постигна својот втор гол во 84. минута за неизвесен финиш на мечот.

Со победата Силекс му се доближи на само седум поени на Вардар на третото место на табелата, а покрај тоа кратовци треба да одиграат уште два натпревари.

Фото: ФК Вардар

ПМФЛ, 22.КОЛО

Академија Пандев – Ренова 1:1

Пелистер – Скопје 0:0

Шкупи – Работнички 1:1

Вардар – Силекс 2:3

Табела: 1.Шкендија 56, 2.Вардар 42, 3.Силекс (-2) 35, 4.Работнички 28, 5.Шкупи 28, 6.Академија Пандев 27, 7.Ренова 22, 8.Пелистер (-1) 21, 9.Победа 21, 10.Скопје (-1) 13.

Scroll to Top