Top Sport

25 години од легендарниот гол на Роналдо

На денешен ден пред 25 години, Бразилецот Роналдо, постигна еден од своите легендарни голови.

На стадионот во Компостела, Роналдо постигна три гола, еден намести во победата на Барселона од 5:1.

Голот за водство на Барселона од 3:0 е еден од најубавите што ги постигнал Роналдо во кариерата.

Роналдо само една сезона го носеше дресот на Барселона. Во сезоната 1996/1997 имаше импресивен учинок, одигра 49 натпревари, постигна 47 голови.

Scroll to Top