Top Sport

25 години подоцна – Пирло повторно ќе се сретне со Луческу

Првиот меч од новата сезона од Лигата на шампионите ни носи интересен дуел на Јувентус и Динамо Киев, односно повторно средба на Андреа Пирло со Мирчеа Луческу, човекот кој му даде шанса во првиот тим на Бреша на само 15 години.

Пирло во текот на својата блескава кариера повеќе пати изјавуваше дека му е вечно благодарен на романскиот тренер за тоа што го постави во првиот тим како тинејџер, велејќи дека така станал вистински фудбалер.

„Луческу ми даде тактичка и техничка лекција и ми објасни што треба човек да прави кога игра со професионалци. Не беше лесно. Тој велеше: ‘Дајте му ја топката на Пирло, тој знае што да прави со неа’“, призна пред неколку години Пирло.

Бреша се обиде да добие дозвола Пирло да игра во Серија А, но беше одбиена, и тој мораше да почека до својот 16. роденден да дебитира во мај 1995 година. Тогаш, Бреша беа на последното место, Луческу си замина во февруари, а оттогаш ги загубија сите мечеви до крајот. Пирло остана во Бреша и помогна да се вратат во Серија А, додека Луческу замина во Реџијана и во Рапид Букурешт, а Интер го донесе Пирло во декември 1998 година.

Во една од најголемите трансфер-грешки во историјата, Интер го продадоа Пирло на Милан во летото 2001 година, и со Карло Анчелоти на чело, тој стигна до титулите во Серија А и во Лигата на шампионите, како и трофеј од Светското првенство.

Сега, повеќе од 25 години во првиот европски меч како тренер на Јуве, Пирло игра против 75-годишниот Луческу, кој сензационално се пресели од Шахтјор Доњецк во лутите ривали Динамо Киев и ќе стане најстариот тренер во историјата на ЛШ.

Scroll to Top