Академија Пандев, против Силекс, ќе го брани трофејот во Купот на Македонија. „Пандевци“, вчера славеа над Македонија ЃП, а попладнево Силекс го победи тимот на Струга.
Силекс, во Струга, забележа минимална победа над домаќинот. „Тврдиот“ натпревар го реши Каракамишев во 81.минута.
Силекс се избори за своето прво финале во Кпот по пауза од 24 години. Клубот од Кратово, во својата историја три пати се борел за трофејот во Купот на Македонија, два пати успеал да го освои.