Top Sport

Македонија „скокна“ три места на ФИФА листата

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа скок од три позиции на листата на ФИФА. Најновата листа, светската куќа на фудбалот ја објави попладнево.

Македонија, минатата недела одигра три натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство. Забележа две победи, од кои една над Германија и пораз од Романија.

Македонија сега се наоѓа на 62.место на ФИФА-листата.

Од противниците на Македонија во групата за пласман на СП, Германија има најдобaр рејтинг, 12.место. Романија падна за шест позиции, сега е на 43.место, Исланд е на 52, а Ерменија, која победи на трите квалификациски натпревари, напредуваше девет места и сега е 90.светска репрезентација. На 186.место е Лихтенштајн.

Во Топ 10 има една мала промена, Италија е седна сила, откако ги скокна Аргентина и Уругвај. Лидер на листата е Белгија, пред Франција, Бразил, Англија и Португалија.

Scroll to Top