Top Sport

Ибрахимовиќ сними нова реклама (Видео)

Легендата на шведскиот и светскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ, од вчера стана заштитно лице на компанијата „ВИСА“ (VISA).

Компанијата е официјален партнер на ФИФА и таа заедно со Ибрахимовиќ ова лето ќе им овозможи на фановите да не пропуштат ниту еден момент од Светското првенство во Русија.

Токму Златан Ибрахимовиќ е заштитното лице на глобалната кампања за Светското првенство.

Ибрахимовиќ, во нему својствен стил, веќе ја сними рекламата за „ВИСА“. Тој го преставува дресот на кој е испишаноо името на компанијата, а потоа буквата „З“ ја пишува преку буквата „С“ и вели „Zlatanized“ или во слободен превод „Златанизирано“.

Соработката на „ВИСА“ и Ибрахимовиќ ќе започне наредниот месец.

Scroll to Top