Top Sport

Барселона без играчи од „Ла Масија“ прв пат по 16 години

Ремито на Барселона, против Селта во Виго (2:2), крена „прашина“ во Каталонија, поради составот со кој тренерот Ернесто Валверде го започна натпреварот.

Барселона има комотна ситуација во домашниот шампионат, ја обезбеди титулата, меѓотиа по ремито во Виго, каталонските медиуми му забележуваат на тренерот Валверде, бидејќи во стартниот состав немало ниту еден играч од прочуената клупска академија „Ла Масија“.

Барселона натпреварот на „Балаидос“ го започна во состав: Тер Штеген – Семедо, Мина, Вермален, Дињ – Паулињо, Андре Гомеш, Денис Суарез – Дембеле, Алкасер, Кутињо.

Последен пат Барселона започнала натпревар без играч од својата академија во составот на 6 април 2002 година.

Тогаш во тимот биле: Бонано – Рајзигер, Кристанвал, Абелардо, Коко – Коку, Рочембак, Луис Енрике – Ривалдо, Овермарс, Савиола.

Каталонските медиуми потсетуваат на 25 ноември 2012 година кога тогашниот тренер Тито Виланова, поради повредата на Дани Алвес, во победата над Леванте 4:0 започнал со екипа составена само од играчи што ја минале клупската академија.

Валдес – Монтоја, Пике, Пујол, Алба – Чави, Бускетс, Фабрегас – Иниеста, Меси, Педро.

Scroll to Top