Top Sport

Невил: Ако го продадат Погба, никој нема да сака да оди во Јунајтед

Евентуалната продажба на Пол Погба би била „катастрофа“ за Манчестер јунајтед, бидејќи би пратила сигнал до „големите“ играчи да го избегнуваат „Олд Трафорд“, вели поранешниот капитен на тимот, Гери Невил.

Во последните недели, Погба полека ја враќа својата форма, откако го постигна шестиот гол оваа сезона при 2:1 победата над Арсенал во неделата, меѓутоа во текот на цела сезона се поставуваше прашање за неговата мотивација и се зголемуваа шпекулациите дека Жозе Мурињо ќе се реши да се ослободи од играчот за кој платија 100 милиони евра.

Невил вели дека се надева дека се работи само за шпекулации, посочувајќи го случајот на Анхел ди Марија, кој замина по само една сезона откако дојде за 59.7 милиони фунти.

„Не сум сигурен дека тоа ќе се случи, но не видовме знаци дека Пол заминува од Јунајтед. Според мене, Јунајтед се ’коцкаа’ со Ди Марија, и се надевам дека нема да го повторат со Погба. Големите играчи ќе внимаваат дали да дојдат во таков клуб. Се надевам дека размислуваат во клубот за таа можност“, вели Невил.

Фото: ЕПА

Scroll to Top