Top Sport

Кејн стрелаше, Тотенхем официјално пред Арсенал оваа сезона! (видео)

Тотенхем немаше мака и со 2:0 го совлада Ватфорд во последниот натпревар од 36. коло во Премиер лигата, со што се зацврсти на четвртото место, кое директно води во Лигата на шампиони следната сезона.

Покрај тоа, втора сезона во низа, тимот на Маурисио Почетино обезбедува да биде пред севернолондонските ривали Арсенал во Премиер лигата.

Деле Али го постигна првиот гол по 16 минути игра, за Хери Кејн по асистенцијата на Трипиер да го постави конечниот резултат на почетиокот на второто полувреме.

Со трите поени, Тотенхем има 71 поени на четвртото место, пет повеќе пред Челси, и само поен помалку од Ливерпул на третото место и тоа со натпревар помалку. До крајот на шампионатот има само уште три кола.

Единствено „кошмарно“ сценарио за Тотенхем можат да предизвикаат Арсенал, доколку ја освојат Лигата на Европа, и со тоа да им го преземат последниот билет за ЛШ.

Scroll to Top