Top Sport

30.000 деца ги гледаа Романците против Норвешка (Видео)

Фудбалската репрезентација на Романија синоќа на квалификацискиот меч со Норвешка испиша нови страници во својата историја.

Поради неспортското однесување на навивачите Ромаците добија суспензија на трибините на два натпревари. Поради тоа Фудбалскиот сојуз на Романија успеа на стадионот во Букурешт да донесе 30.000 деца.

Романските репрезентативци не успеаја да ги израдуваат децата на стадионот бидејќи одиграа 1:1 со Норвешка. Норвежаните израмнија со голот на Сорлох во 92 минута, откако претходно Пушкаш промаши пенал, а Романија во водство ја донесе Митрица.

Scroll to Top