Фудбалерот од Брегот на Слоновата коска, Јаја Туре, го означил српскито репрезентативец Немања Матиќ како најтежок противник.
Искусниот 34-годишен фудбалер во Манчестер сити пристигна во 2010 година од редовите на Барселона. Во изминатите осум години водел „битки“ со многу врвни играчи во Премиер лигата, а кга го прашале против кого му било најтешко, без размислување одговорил: „Матиќ“, а птоа низ шега рекол: „Го мразам тоа ѓубре“.
Јаја Туре потоа со пофални зборои ја опишал играта на фудбалерот на Манчестер јунајтед.
„Многу е тешко да се игра против него. Силен е, моќен, многу стабилен. Тешко е и забавно да се игра против него. Постојат неколкумина играчи што можат да ме сопрат, еден од нив е Матиќ. Може многу да трча, да се бори, тој е многу, многу, многу добар фудбалер“, рекол Туре.