Top Sport

Барселона подготвува спектакуларна кореографија за прошталниот меч на Иниеста

Барселона на спектакуларен начин ќе се прости од својата легенда Андрес Иниеста. 34-годишниот фудбалер, в недела, против Реал Сосиедад ќе го одигра последниот натпревар во дресот на каталонскиот гигант.

Барселона од легендата ќе се прости со спектакуларна кореографија, а медиумите веќе објавија како ќе изгледа.

Претходно, клубот, во употреба пушти специјален дрес со Инето на Иниеста и бројот осум. „Осумката“, на специјалното издание на дресовите е поставена вертикално, односно го претставува знакот за бесконечност.

Иниеста, по 22 години, односно по 16 години од дебито за првиот тим, реши да замине од „Ноу Камп“.

Scroll to Top