Top Sport

Харден, Леброн и Дејвис во трка за МВП наградата

НБА лигата, изминатата ноќ, ги објави имињата на кандидатите што конкурираат за престижните награди: МВП на сезоната, најдобар дефанзивец, најдобар дебитант, најдобар шести играч, играч што најмногу наредувал и најдобар тренер.

НБА имињата на добитниците на наградите ќе ги соопшти кон крајот на јуни, кога ќе бидат објавени и најдобрите петорки.

За најпрестижната награда, МВП на сезоната, конкурираат ѕвездите на Хјустон, Кливленд и Њу Орлеанс: Џејмс харден, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Во конкуренција за наградата руки на годината се Донован Мичел од Јута, Бен Симонс од Филаделфија и Џејсон Тејтум од Бостон.

Крилниот центар на Њу Орлеанс Ентони Дејвис е и во конкуренција за наградата најдобар дефанзивец. Конкуренти ќе му бидат Џоел мбид од Филалделфија и Руди Гобер од Јута.

За наградата најдобар шести играч во конкуренција останаа Лу Вилијамс (ЛА Клиперс), Ерик Гордон (Хјустон) и Фред Ван Велт (Торонто).

Виктор Оладипо од Индијана, Клинт капела од Хјустон и Спензер Динвиди се тројцата што се во конкуренција за наградата играч што најмногу напредувал.

Тренер на годината ќе биде еден од овие тројца. Двејн Кејси кој доби отказ во Торонто, откако Репторси со 4-0 беа елиминирани во полу-финалето во Источната конференција, односно Квин Снајдер од Јута и Бред Стивенс од Бостон.

Имињата на добитнците на наградите ќе бидат соопштени на 25.јуни.

Scroll to Top