Top Sport

Жоржињо се договорил со Манчестер сити, на потег е Наполи

Бразилецот со италијански пасош, Жоржињо, ги договорил личните услови за трансфер во редовите на новиот шампион на Англија, Манчестер сити. Договорот ќе биде потпишан кога неговиот клуб Наполи ќе го одобри трансферот.

Италијанскиот репрезентативец има договор со Наполи до јуни 2020 година, а според зборoвте на неговиот менаџер, сега на потег е клубот.

„Жоржињо е под договор, а доколку Наполи се согласи тогаш негов нов клуб ќе биде Манчестер сити. Со Англичаните нема никаков проблем, Наполи мора да се согласи и да го одбори трансферот“, изјавил за локалните медиуми менаџерот на фудбалерот.

Бразилецот целата своја кариера ја минува во Италија, а пред Наполи бил играч на Самбонифаце и Верона. Жоржињо има и пет настапи за репрезентацијата на Италија.

Scroll to Top