Top Sport

Мартинез ќе ја предводи Белгија до 2020 година

Роберто Мартинез го продолжил договорот со Фудбалскиот сојуз на Белгија на уште две години. Мартинез стана селектор на Белгија по завршувањето на Европското првенство во 2016 година. На клупата тој го наследи Марк Вилмотс.

Челниицте на Фдбалскиот сојуз на Белгија, задоволни од работата на селекторот, решија да му го продолжат договорот до 2020 година, односно до завршувањето на Европското првенство.

Мартинез, со Белгија, во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Русија, оствари девет победи и едно реми.

Мартинез во кариерата бил менаџер на Свонси, Виган и Евертон.

Белгија е „фаворит од сенка“, на СП во Русија. Белгијците, во првата фаза ќе играта против Англија, Панама и Тунис.

Scroll to Top