Top Sport

Челси ги казни промашувањата на Астон Вила – Два гола на Лукаку

Фудбалерите на Челси ја победија Астон Вола со 3:0, во четвртото коло во Премиер лигата. Челси со 10 бода се израмни на првото место со Манчестер јунајтед.

По ремито со Ливерпул, европските шампиони се вратија на победничкиот колосек. Триумфот над Астон Вила е јубилеен 600. за Челси во Премиер лигата.

Резултатот не ги отсликува најдобро случувањата на теренот. Астон Вила, во најголемиот дел од натпреварот беа подобриот тим на теренот, меѓутоа Едуард Менди, голманот на Челси успеа да ги одбрани ударите на Оли Воткинс, Тајрон Мингс и Езри Колса.

За разлика од Астон Вила, Челси ги казни сите грешки на противникот.

Двоен стрелец на овој меч беше Ромелу Лукаку, во 15. и 93.минута, додека вториот гол во 49.минута го постигна Матео Ковачиќ.

Челси во наредната рунда ќе гостува кај Тотенхем, додека Астон Вила ќе го пречека Евертон.

Scroll to Top