Top Sport

Лев: Не одам во Реал

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев, ја отфли можноста да биде наследникот на Зинедин Зидан, на клупата на Реал Мадрид.

Зидан, во четвртокот, објави дека го напушта Реал, а медиумите веднаш започнаа со шпекулациите околу можниот наследник.

Во сите комбинации, покрај Арсен Венгер и Маурицио Почетино се вметнува и името на Јоаким Лев.

„Апсолутно ја исклучувам таа можност. Сигурен сум дека Реал ќе најде одлична замена за Зидан. Јас, во овој момент, размислувам само за Светското првенство“, изјавил Лев за „Марка“.

Лев ја предводи Германија од 2006 година, а неодамна го продолжи договор до 2022 година.

Scroll to Top