Top Sport

Скандал во Азија – Голманката на Иран ја обвинија дека е машко

Женската фудбалска репрезентација на Иран, на пенали го победи Јордан со 4:2 и избори пласман на Купот на Азија. Од Јордан не можат да се помират со поразот, побарале де се утврди полот на голманката на Иран, Зоhрех Коудаеи.

Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Јордан, принцот Али Бин Ал-Хусеин, го објави писмото кое го испратил до Фудбалската федерација на Азија (АФЦ), во кое сугерира дека Иран има голман кој се претставува како жена.

Хусеин пишува дека „доколку ова е вистина, тоа е сериозен проблем“ и луѓето од АФЦ ќе мора да се разбудат.

Од Иран експресно ги демантираа овие обвинувања. Селекторката, Маријам Ирандуст рекла дека медицинските лица ги прегледале сите репрезентативки.

Купот на Азија во женска конкуренција ќе се одржи од 20.јануари до 6.февруари.

Scroll to Top