Официјално најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо, одлучил да го напушти Реал Мадрид, објави португалскиот весник „Рекорд“.
Кристијано бил разочаран што не добил покачување на платата, иако некаде во септември минатата година, добил такво ветување од претседателот Флорентино Перез. Тој сметал дека клубот не го наградил за успесите.
Претходно, шпанските медуми, објавија дека Роналдо побарал од Реал, нов шестгодишен договор и неверојатни 75 милиони евра годишно.
Португалецот, најави дека ќе го напушти Реал, веднаш по завршувањето на финалниот меч во Лигата на шампионите, кога Реал против Ливерпул ја освои 13.титула во клупската историја.
По оваа негова изјава интерес за неговите услуги веднаш покажаа Манчестер јунајтед и ПСЖ.
Кристијано Роналдо дресот на Реал го носи од 2009 година, кога за тогашен рекорд од 90 милиони евра, пристигна од Манчестер јунајтед. Има одиграно 438 натпревари и постигнато 450 гола за Реал.