Top Sport

Матиќ најави повлекување од репрезентацијата

Ѕвездата на Србија и Манчестер јунајтед, Немања Матиќ, синоќа против Бразил, веројатно го одиграл последниот натпревар за националниот тим.

Од септември, Србија, ќе се натпреварува во Лигата на нации, а Матиќ не е сигурен дека ќе биде дел од српската репрезентација.

„Сакам малку да одморам. Одиграв 60 натпревари сезонава, емотивно и физички сум празен. Ќе видиме, ќе поразговараме…Не сакам да калкулирам. Доколку бидам подготвен да го дадам својот максимум ќе играм, во спротивно ќе се повлечам“, рекол Матиќ по дуелот со Бразил.

foto: epa

Играчот на Манчестер јунајтед како позитивен го оценил настапот на Србија на Светското првенство во Русија.

„Драго ми е што ја вративме Србија на фудбалска мапа, повторно сите слушнаа за нас. Можеме да се погледнеме в очи, бидејќи го дадовме максимумот. Долго време сме немале толку професионална група на фудбалери. Сите беа подредени за успехот на репрезентацијата. Тоа не беше доволно да ја минеме групата, но мора да продолжиме во овој правец“, заклучил Матиќ.

Србија, Светското првенство го заврши со една победа (Костарија 1:0) и два порази (Швајцарија 1:2 и Бразил 0:2).

Scroll to Top