Top Sport

Мбапе: Не ме интересира „Златната топка“, ја сакам светската титула

Тинејџерската ѕвезда, Килијан Мбапе, рекол дека не го интересираат индивидуалните награди, туку дека ја саката светската круна со Франција.

„Триколорите“, во вторникот, ја совладаа Белгија (1:0) и се пласираа во финалето на Светското првенство во Русија. Таму противник ќе им биде победникот од натпреварот помеѓу Хрватска и Англија.

Килијан Мбапе, на овој мундијал, стана првиот тинејџер по Пеле кој на еден меч во нокаут фазата постигнал повеќе од еден гол. Сепак него не го интересира „Златната топка“, ниту било која индивидуална награда.

„Ова е остварување на животниот сон, на идниот живот…Немам зборови. Не можев да го замислам ова ниту во моите најлуди сништа, а не сум некој голем сонувач. Сепак остана уште еден чекор. Кога не лажеш и работиш за колективот ќе биде награден. Важно мие е само да му помогнам на тимот. Не ме интересира „Златната топка“ го сакам „Светскиот куп“, рекол Мбапе.

Scroll to Top