Top Sport

Илјадници ја славеа победата на Франција (Видео)

Франција ќе игра во финалето на Светското првенство во Русија. Французите, во првото полу-финале, ја победија Белгија со 1:0 и со тоа го изборија пласманот во третото финале во репрезентативната историја (1998, 2006).

foto: epa

Мечот го реши одбранбениот играч на Браселона, Умтити, кој по корнерот што го изведе Гризман, го совлада белгискиот голман Куртоа.

Веднаш по натпреварот во Санкт Петербург, навивачите ја прославија победата во сите француски градови, а највпечатливо беше во метрополата Париз, каде илјадници излегоа на Шанзелизе.

Scroll to Top