Top Sport

Повремениот француски репрезентативец, Клемон Ленгле, од Севилја се пресели во редовите на Барселона. Клубот од „Ноу Камп“ за 23-годишниот фудбалер плати 35 милиони евра, колку што изнесуваше откупната клаузула во договорот.

Доаѓањето на Ленге значи дека еден фудбалерите што играат во централниот дел на одбраната, ќе мора да го напушти тимот.

Џерад Пике и Самјуел Умтити се први опции за централните позиции во одбраната, а нивни алтернативи се искусниот Томас Вермален и Колумбиецот Џери Мина.

Според шпанските медиуми, Мина ќе ја напушти Барселона во летниот преоден рок. На Колумбиецот му порасна цената по одличните настапи на Светското првенство, а засега најконкретен во напорите да го донесе во своите редови е Евертон.

Инаку, Ленгле е второто засилување за Барселона во предниот рок. Претходно на „Ноу Камп“ пристигна Бразилецот Артур Мело.

Scroll to Top