Top Sport

Реал и Барселона тргнуваат по потписот на Азар

Реал Мадрид и Барселона, во преодниот рок, ќе се обидат да се засилат барем со по една ѕвезда, откако „кралскиот клуб“ остана без Кристијано Роналдо, а каталонците не го убедија Антоан Гризман да се пресели на „Ноу Камп“.

Шпанските медиуми шпекулираат дека великаните на шпанскиот фудбал имаат иста трансфер цел, играчот на Челси, Еден Азар.

Белгиецот има договор со Челси до 2020 година, а од почетокот на сезоната медиумите шпекулираа дека тој не е задоволен од иднината што му престои во клубот.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, како идеален наследник на Роналдо го гледа Нејмар, но тоа е невозможма мисија, исто како и втората опција, ѕвездата во подем Килијан Мбапе. ПСЖ, едноставно, нема намера продаде некој од овие двајца.

Изборот веројатно е Азар, кој неколку пати има изјавено дека би сакал да го носи белиот дрес. Овие изјави Белгиецот ги даваше во времето кога неговиот идол Зинедин Зидан го предводеше Реал.

Сега кога Зидан замина од Реал, Азар не би се противел ниту на трансфер во Барселона. Актуелниот шпански првак не го реализира трансферот на Гризман, така што има 100 милиони евра на располагање, а дополнителни пари обезбеди и со заминувањето на Паулињо.

Едно е сигурно, двата тима имаат јаки адути и она што е најважно имаат пари. Поради тоа Шпанците се сигурни дека Азар ќе пристигне на Пиринејскиот полуостров во летниот преоден рок, само прашање е дали во Кастилја или Каталонија.

Scroll to Top