Top Sport

Перишиќ завршил в болница, можеби нема да игра за финалето

Хрватска може да биде значително ослабена за финалниот меч на Светското првенство, бидејќи поради повреди неизвесен е настапот на двајца играчи од стартната пистава, Иван Перишиќ и Иван Стриниќ.

Стрелецот и асистент во полу-финалето против Англија, Перишиќ, чувствувал болки во бутниот мускул, поради што во четвртокот бил на прегледи во една болница во Москва. Стриниќ пак поради повреда на препоните, беше заменет на почетокот на првото продолжение.

Хрватите досега најмногу време минале на теренот од сите селекции. „Коцкестите“ на сите натпревари во нокаут фазата играа продолженија, а на два од нив победникот беше решен по изведувањето на пенали.

Временски Хрватите одиграле еден меч повеќе од нивниот противник во финалето, Франција.

Финалниот меч на СП на програмата е в недела од 17 часот, на стадионот „Лужнии“ во Москва.

Scroll to Top