Top Sport

Милан би го продале Бонучи, но само ако тој побара

Милан се подготвени да го продадат капитенот Леонардо Бонучи, но само ако тој самиот побара да замине, тврдат италијанските медиуми.

Бекот беше купен од Јувентус минатото лето во шокантен трансфер, еден од многуте на „росонерите“ под новиот сопственик Јонхонг Ли, но сега ситуацијата е сосема поинаква. Откако кинескиот бизнисмен не успеа да ги плати долговите кон „Елиот менаџмент“, американската фондација го презеде клубот и сега мора да продава играчи пред да размислува за иднината.

Бонучи, дефинитивно, е еден од највредните фудбалери на клубот и според „Газета дело спорт“, клубот нема да му стои на патот на фудбалерот ако сака да замине. Една опција за Бонучи се Пари Сен-Жермен, клуб кој може да приушти да ја плаќа неговата висока плата и каде што би играл во Лигата на шампионите.

Scroll to Top