Актуелниот европски првак во фудбал, Реал Мадрид, се огласи со соопштение и ги демантира сите медиумски шпекулации дека работи на трансферот на Нејмар.
„Бидејќи фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, константно се поврзува со нашиот клуб, Реал, сака да соопшти дека немаме намера да испратиме понуда за негов трансфер. Односите меѓу двата клуба се одлични и доколку некогаш Реал покаже интерес за некој играч на ПСЖ, најпрвин ќе го контактира клубот“, стои во соопштението кои клубот го објави вечерва.
Овој став сигурно става крај на шпекулациите дека Реал како замена за Роналдо ќе се обиде да го донесе фудбалерот за кој ПСЖ минатото лето на Барселона и плати 222 милиони евра.