Top Sport

РК Вардар: Стоилов, Шишкарев, Поповски и Ѓорѓески потпишаа нови договори

Капитенот Стојанче Стоилов заедно со Даниил Шишкарев, Даниел Ѓорѓески и Мартин Поповски остануваат верни на ракометниот клуб Вардар и во следните сезони.

Сите играчи беа дел од успесите на клубот во последните две сезони, во освојување на европската титула и трофеите во СЕХА лигата и домашното првенство и Купот.

Уште најмалку две сезони „црвено-црниот” дрес на Вардар ќе го носат пивотменот Стојанче Стоилов и десното крило Даниил Шишкарев. Двајцата репрезентативци, едниот на Македонија а другиот на Русија се договорија со клубот за продолжување на соработката до јуни 2020 година.

Во Вардар најмалку уште една сезона ќе останат и голманот Даниел Ѓорѓески и крилото Мартин Поповски. Тие потпишаа договори до јуни 2019 година. Токму со настапите во Вардар, десното крило Мартин Поповски се избори и за репрезентативен статус во сениорскиот тим на Македонија.

Scroll to Top