Top Sport

Шериф противник на Шкендија во второто коло

Шампионот на Молдавија, Шериф Тираспол, ќе биде следниот противник на Шкендија, во квалификациите за пласман во главната фаза во Лигата на шампионте.

Вечерва, Молдавците, славеа победа во дуелот со Торпедо Кутаиси од Грузија со 3:0 и на тој начин ја надоместија негативата од 1:2, што ја имаа по првиот дуел.

Играчите на Шериф победата ја обезбедија во првото полувреме кога мрежата на Торпедо ја погодија Бабиданга во 9. и Жоалисон во 40.минута. По десет минути игра во второто полувреме, Жоалисон со својот втор гол стави точка на натпреварот.

Шкендија до второто коло стигна преку ТНС од Велс, со победа дома од 5:0 и теѓок пораз, но без последици, од 0:4 на теренот на противникот.

Шампионот на Македонија ќе биде домаќин на првиот натпревар, на 24. или 25.јули, а една недела подоцна во реваншот ќе гостува во Молдавија.

Scroll to Top