Top Sport

Уште не почната заврши сезоната за Окслејд-Чембрлен

Крилниот фудбалер на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чембрлен, би можел да ја пропушти целата сезона, поради повредата на коленото.

Англискиот репрезентативец ги скина лигаментите во коленото, за време на првиот полу-финален натпревар во Лигата на шампионите против Рома и поради тоа го пропушти Светското првенство во Русија.

„Време е да ве информирам дека Окслејд-Чембрлен можеби нема да може да ни помогне наредната сезона. Ние тоа го знаевме веднаш по повредата, односно веднаш по операцијата“, рекол менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

„Не се случи ништо што не беше планирано. Рехабилитацијата оди според планот, разликата е во тоа што сега откриваме некои детали. Алекс не сакаше порано да ја соопштиме оваа информација за да не го расипеме финишот на сезоната“, дополнил Клоп.

Ливерпул веќе потпиша договори со Фабињо и Џердан Шакири, а во средата за рекордна сума на пари го договори и трансферот на голманот Алисон Бекер од Рома.

Scroll to Top