Top Sport

Ливерпул понудила 127 милиони евра за Фернандез

Најдобриот млад играч на неодамна завршеното Светско првенство, Енцо Фернандез, ќе ја напушти Бенфика во зимскиот преоден рок. Фернадез, минатото лето од Ривер Плата пристигна во Лисабон.

Бенфика за Фернандез плати 15 милиони евра, шест месеци подоцна може да заработи 100 милиони од неговиот трансфер.

Португалските медиуми пренесуваат дека во клубот пристигнале две понуди вредни 127 милиони евра. Една од тие понуди наводно е од Ливерпул, клуб кој вчера за 55 милиони евра го потпиша Холанѓанецот Коди Гакпо.

21. годишниот фудбалер од почетокот на сезоната одигра вкупно 24 натпревари, постигна три гола и забележа пет асистенции. Фернандез има договор со Бенфика до 2027 година, но може да замине доколку биде активирана откупната клаузула од 120 милиони евра.

Scroll to Top