Англискиот репрезентативец Киеран Трипие го продолжи договорот со Њукасл до 2025 година, потврдија од англискиот клуб.
Трипиер пристигна во Њукасл во јануари 2022 година од Атлетико Мадрид.
Сезонава англискиот репрезентативец забележа еден гол и шест асистенции во дресот на Њукасл.
„Беше одличен на теренот и надвор од него, покажуваше лидерски квалитети во тешки моменти, а сега се истакнува во тим на кој му оди добро. Немам доволно комплименти да изразам се што му дал на овој клуб“, изјави тренерот на „страчките“, Еди Хау.
Њукасл моментално е трет во Премиер лигата и ја има најдобрата одбрана со само 11 примени голови на 20 натпревари.