Top Sport

Ди Марија го продолжил договорот со ПСЖ

Анхел Ди Марија го продолжил договорот со ПСЖ, иако во текот на летото се шпекулираше дека тој ќе го напушти Париз.

Аргентинецот, минатата сезона, доби конкуренција во тимот во Нејмар и Килијан Мпбапе, поради што се шпекулираше дека ќе побара дозвола да го напушти клубот, меѓутоа ПСЖ успеа тројцата да ги задржи во тимот.

Ди Марија го продолжил договорот на уште три години.

Минатата сезона тој, во сите натпреварувања, одиграл 44 натпревари и постигнал 21 гол.

Scroll to Top