Top Sport

Барса му ја зголеми плата и откупната клаузула на Бускетс

Шпанскиот репрезентативец Серхио Бускетс диби нов договор од својот клуб Барселона, според кој откупната клаузула изнесува помеѓу 200 и 500 милиони евра.

Каталонските медиуми објавија дека двете страни се договориле сега, иако преговорите започнале уште во финишот на минатата сезона.

Интересно должината на договорот не е променета, Бускетс ќе остане во Барселона до јуни 2021 година, со тоа што клубот добива право истиот да го продолжи на уште две години.

Финансиските детали не се објавени, но медиумите шпекулираат дека Бускетс ќе биде еден од играчите со најголема плата. Бускетс за Барселона има одиграно 485 натпревари.

Scroll to Top