Фудбалерите на Арсенал ја забележаа првата победа во сезоната, откако во лондонското дерби, одиграно во рамките на третото коло го совладаа Вест Хем 3:1. Попладневните натпревари од третото коло минаа во знакот на големиот број на црвени картони.
Арсенал лошо го започна градското дерби, Вест Хем по акцијата на Андерсон и Арнаутовиќ постигна гол во 25.минута. Пет минути подоцна Монреал ја заврши акцијата на Мхитаријан и Белерин со гол.
Во финишот на првиот дел Вест Хем пропушти две добри шанси да ја врати предноста.
Во вториот дел два тима пропуштија шанси за гол, а кога погодок не постигнаа напаѓачите, Диоп во 70.минута со авто-гол му донесе водство на Арсенал.
Вест Хем најдобрата шанса за израмнување на имаше преку Лукас Перез, а конечните 3.1 ги постави Велбек во 93.минута.
На мечот Борнмут-Евертон беа видени четири гола и два црвени картони. Евертон водеше со играч помалку преку Волкот, а откако домаќинот остана со играч помалку гостите преку Кин постигнаа уште еден гол. До крајот на натпреварот Борнмут стигна до бод со головите на Кинг и Аке.
Лестер, со пресврт и играч помалку, успеа да ги однесе бодовите од Саутемптон. Бертранд го постигна голот за домашниот тим, потоа израмни Греј, а репрезентативецот Мегвајер во 92.минута им ги донесе бодовите на „лисиците“.
Хадерсфилд и Кардиф одиграа лош натпревар без голови и ги потврдија прогнозите дека се меѓу главните кандидати за испаѓање од лигата. Хадерсфил мечот го заврши со играч помалку поради исклучувањето на Хог.