Напаѓачот на Реал Сосиедад, Иманол Агирече, објави крај на кариерата. Иако има само 31 година, поради честите повреди Агирече решил да се пензионира.
„Среќен сум поради оваа одлука. Имав убава кариера во која го исполнив сонот“, рекол Агирече.
Напаѓачот во екипата од Сан Себастијан, од дебито во сезоната 2003/2004, ја мина целата своја кариера. Настапил на 272 натпревари и постигнал 75 гола.
Неговата кариера ја скрати повредата на стапалото, во декември 2015 година. Таа повреда го оддалечи од фудбалските терени 20 месеци.