Top Sport

„Јувентус ни е конкурент за титулата во ЛШ“

Првиот човек на францускиот шампион ПСЖ, Насер Ал-Калифи, смета дека најголемиот конкурент на неговиот тим, за титулата во Лигата на шампионите, ќе му биде Јувентус.

Ал-Калифи смета дека Јувентус, со Кристијано Роналдо е фаворитот број 1 за најпрестижната титула во клупскиот фудбал.

„Со Кристијано Јувентус ни е најголемиот конкурент за европскиот трофеј“, изјавил по состанокот на Европската асоцијација на клубови, Ал-Калифи за „Кориере дело спорт“.

ПСЖ, во фазата по групи во Лигата на шампиони, ќе игра против Ливерпул, Наполи и Црвена звезда.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');