Лука Модриќ оваа 2018 година ќе ја памети до крајот на животот. Најпрвин со Реал ја освои третата титула во низа, во Лигата на шампионите, потоа со Хрватска играше во финалето на Светското првенство, на кое беше прогласен за најдобар играч, па од УЕФА ја доби наградата за најдобар играч во Еворпа, а од ФИФА за играч на годината во светот.
По завршувањето на Светското првенство, Модриќ ги „полнеше“ медиумите, со шпекулациите дека побарал Реал да му дозволи да замине во Интер.
Сега, некои медиуми тврдат дека откриле зошто Модриќ барал трансфер, односно дека на тој начин се изборил за покачување на платата.
Хрватот, сметал дека треба да заработува повеќе од седум милиони евра годишно, бидејќи некои фудбалери имале и поголема плата од неговата.
На крајот се повтори случајот со Кристијано Роналдо, од минатата и сезоната претходно, Модриќ од клубот доил зголемување на платат и преку ноќ станал среќен, а во вторникот изјави дека никогаш не сакал да замине и дека сонува кариерата да ја заврши во Реал.
„Платата? Можам само да ви кажам дека летово договоривме на Модриќ да му биде зголемена платата. Само толку можам да ви кажам“, рекол претседателот на реал Флорентино Перез.
За да си олесни тој дополнил дека наградата што во понеделникот ја доби Модриќ од ФИФА е наградата за целиот клуб.
„Ова воедно е и награда за сите нас кои одлучивме да го донесеме Модриќ пред неколку години. Со оваа награда добивме признание за тој наш потег“, заклучил Перез.