Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер ќе потпише нов договор со својот клуб.
Како што откри „Скај Спорт Германија“, Нојер ја прифатил понудата на Баерн да го продолжи договорот до летото 2026 година.
Актуелниот договор на Нојер истекува на лето, а многумина сметаа дека е вистинско време за замена на голот. Сепак, во Баерн не мислат така.
Нојер ќе потпише нов договор, договорени се сите детали, прашање е само кога ќе биде официјализиран.
Нојер беше критикуван за неговите неколку лоши партии сезонава, особено откако имаше бројни проблеми со повреди, но тој останува број еден во Баварија, барем уште некое време.
Германецот има 38 години, што значи дека кога ќе му истече новиот договор ќе има полни 40.
Да потсетиме, тој во клубот пристигна во 2011 година од Шалке за тогаш огромни 30 милиони евра, го освои секој можен трофеј и секако е една од најголемите легенди на клубот.