Карло Анчелоти дојде до крајот на својот втор мандат во Реал Мадрид. „Скај Спортс“ ексклузивно објави дека Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид по финалето од Купот на Кралот со Барселона на 26 април.
Јасно е дека по елиминацијата од Лигата на шампионите од Арсенал, Флорентино Перез размислува за смена на тренерската функција. Првиот човек на клубот смета дека на Реал му е потребна „нова и свежа крв“ на клупата.
Нејасно е дали Анчелоти сигурно ќе го напушти тимот по финалето во случај на победа над Барселона или ќе биде објавено дека се разделуваат.
„Скај Спорт“ во својот прилог емитуван во живо, објаснува дека циклусот завршил, иако Анчелоти во последните три години освои две ЛШ, во 2022 и 2024 година, а во истите сезони ги освои титулите и во Ла Лига.
Истовремено, германски „Билд“, открива дека Чаби Алонсо постигнал договор со Баер Леверкузен летово да го напушти клубот, но за одредена отштета.
Иако цифрата не е прецизирана, се вели дека Баер ќе бара отштета од минимум 10 милиони евра за неговото заминување во Реал Мадрид.
И ова не е тајна, бидејќи одамна е познато дека Чаби Алонсо минатото лето ги одбил и Ливерпул и Баерн Минхен бидејќи ја чекал понудата на Реал за оваа година.
Како што стојат работите, Анчелоти за 10 дена ќе го напушти Реал Мадрид иако освои најмногу трофеи од сите клубови откако по вторпат го презеде „кралскиот клуб“.