Top Sport

Голманот Хендерсон частел по триумфот над Ливерпул

Само неколку часа откако беше еден од хероите во победата на Кристал Палас против Ливерпул во англискиот Суперкуп, голманот Дин Хендерсон повторно ги воодушеви навивачите.

По натпреварот, Хендерсон влегол во локален паб каде што се собираат навивачите на Кристал Палас и ги почестил сите присутни.

Тој влегол во пабот со победничкиот медал околу вратот и, според англиските медиуми, оставил 1.000 фунти кај келнерите за да ги плати пијалоците на сите.

Бројни навивачи на лондонскиот клуб го искористија моментот за да се фотографираат со ѕвездата на Палас. Во неделата на Вембли, Кристал Палас го победи Ливерпул со подобро изведување на пенали и го освои англискиот Суперкуп.

Scroll to Top