Top Sport

50.000 навивачи на тренингот на Бока јуниорс (Видео)

Бока јуниорс, в сабота, ќе гостува кај најголемиот спортски ривал, Ривер Плата, во финалниот реванш, во Копа Либертадорес. .

Пред две недели, првиот натпревар одигран на теренот на Бока јуниорс заврши без победник 2.2, но со оглед на тоа што во ова натпреварување не важи правилото гол во гости, в сабота, Ровер и Бока ќе тргнат од нула.

Последниот тренинг пред гостувањето кај Ривер Плата, на стадионот „Бомбониера“ привлекол 50.000 навивачи на Бока јуниорс.

Сликите веднаш го преплавија спортскиот свет.

Scroll to Top