Top Sport

Спорт Медиасет: Ибрахимовиќ се договорил со Милан

Златан Ибрахимовиќ ќе се врати во Милан и на „Сан Сиро“ ќе биде до крајот на сезоната. „Спорт Медиасет“, пишува дека Ибрахимовиќ за шест месеци ќе заработи 2,2 милиони евра.

Ибрахимовиќ има договор со ЛА Галакси до крајот на наредната година, но според овој извор, тој ќе најдел начин како да замине од Лос Анџелес.

Техничкиот директор на црвено-црните, Леонардо, и менаџерот на фудбалерот, Мино Рајола, ги договориле сите детали за трансферот.

Нејасно е дали 37-годишниот напаѓач ќе има опција да ја продолжи соработката и за наредната сезона. Италијаните не ја исклучуваат можноста откако ќе му заврши договорот, Ибрахимовиќ да преземе некоја од функциите во клубот.

Златан Ибрахимовиќ бил играч на Милан во периодот 2010-2012, кога клубот ја освои последната титула во Серија А. Тој постигнал 56 гола на 85 натпревари.

Во кариерата настапувал во Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер јунајтед.

Scroll to Top