Top Sport

Зошто Н’Голо Канте е најскромниот и најдобриот фудбалер на светот

Н’Голо Канте веќе подолго време го следи репутација на еден од најсовесните, најскромните и најчовечните фудбалери, покрај неговите квалитети на теренот, но последните информации на „Фудбал ликс“ посочуваа дека тоа можеби е само „маска“.

Информацијата дека Канте, слично како и повеќето фудбалски ѕвезди, формирал офшор компанија за префрлање на пари  требаше да го „зацрни“ неговиот углед, но наместо тоа уште повеќе ја зацврсти неговата репутација, откако Французинот одбил Челси да го плаќа преку неа и изјавил дека сака да зема само „обична“ плата.

Доколку се решил да ја искористи офшор компанијата, Канте би заштедил околу 870.000 фунти годишно во даноци, но сега се тврди дека и покрај инсистирањето на клубот, тој застанал цврсто на својот став. Секако, за почит.

Околу Н’Голо Канте има многу „приказни“ кои покажуваат каков човек е тој. На пример, додека другите ѕвезди возат прескапи автомобили од Бугати, Ферари и другите луксузни брендови, Канте вози Мини! Зошто? Кога тој потпиша за Лестер во 2015 година пристигнал во Англија без автомобил – бело Мини Купер С од 20.000 фунти и дури по трансферот во Челси, тој останува со автомобилот.

„Никогаш не сум бил човек кој ги сака автомобилите и сум немал амбиции да имам ваков или онаков автомобил. Моето Мини од почеток ми помогна да возам на левата страна и уште е многу добро“, вели Канте.

Канте повторно воодушевува со скромноста

Scroll to Top