Top Sport

Шампионот Монпелје ја „скрши“ клетвата и го победи РНЛ на Талески

Актуелниот шампион од Лигата на шампионите во ракомет, Монпелје, конечно во осмиот натпревар оваа сезона успеа да триумфира во елитното натпреварување, овојпат со 31:26 (16:12) против силниот Рајн-Некар Левен.

Тимот кој лани го изненади Вардар во полуфиналето на Фајнал фор, беше единствениот во елитните групи А и Б, кој беше без победа во новата сезона, и досега имаа само едно реми, против Кристијанштад, за да бидат на последното место на групата А.  Покрај тоа, во текот на викендот, Монпелје загуби на гостувањето кај РНЛ во Манхајм со високи 37:27.

Во исто време, РНЛ беше во низа од три победи едноподруго и можеше да се доближи до лидерот Барселона, но на крајот остана со ист скор како Виве Кјелце и Вардар со 10 поени.

Мелвин Ришардсон и Мишел Гигу беа „моторот“ на Монпелје со по седум постигнати голови, додека Никола Портнер имаше седум одбрани на голот, додека германскиот клуб беше предводен од Швеѓанецот Џери Толбринг, додека македонскиот репрезентативец Филип Талески запиша два гола од три обиди.

Фото: ЕПА

Scroll to Top