Top Sport

Кошмар за ПСЖ, се повредија Нејмар и Мбапе (Видео)

ПСЖ и тренерот Томас Тухел ќе има што да кажат за термините на ФИФА и УЕФА, за одигрувањето на пријателските натпревари. Имено, синоќа, пријателските натпревари на своите репрезентации поради повреди пред време ги завршија двајцата најскапи играчи во светот, Нејмар и Килијан Мбапе.

foto: epa

Нејмар одигра само осум минути од натпреварот помеѓу Бразил и Камерун. Напаѓачот добил удар во ногата, а откако почувствувал болка побарал да биде заменет.

https://twitter.com/_RoarOfTheKop_/status/1064973591001862145

Неговиот партнер во нападот на ПСЖ, Килијан Мбапе, одиграл 36 минути на дуелот Франција-Уругвај.

foto: epa

Повредите на Нејмар и Мбапе претставуваат голем проблем за ПСЖ, бидејќи францускиот шампион за осум дена, против Ливерпул, ќе го одигра веројатно клучниот натпревар во Ц-групата, во Лигата на шампионите.

Во пресрет на последните две кола лидер групата ја предводат Наполи и Ливерпул со по шест бода, ПСЖ има пет, а Црвена ѕвезда четири бода.

Scroll to Top