Top Sport

Визардс се вратија од -22, Грин со сирената му пресуди на Орландо (Видео)

Вашингтон Визардс, Торонто Репторс, Бруклин Нетс и Портланд Трејлблејзерс, изминатата ноќ забележаа победи во НБА лигата.

Визардс со голем пресврт забележаа победа над ЛА Клиперс 125:118. Екипата од престолнината на САД, одигра катастрофално во првиот дел и во еден момент му дозволи на противникот предност од 22 поени (18:40).

Најефикасен кај Визардс беше Џон Вол со 30 поени и осум асистенции, 27 поени постигна Бредли Бил, а Џеф Грин уфрли 20 поени. Тобајас Херис се истакна кај Клиперс со 29 поени.

Портланд Трејлблејзерс славеа во кулниот „Медисон Сквер Гарден“ против Њујорк Никс 118:114. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ, петти натпревар по ред бележи дабл-дабл за Портланд. Против Никс тој имаше учинок од 13 поени и 11 скока.

Бековите, Си-Џеј Мекалум (31 поен) и Демијан Лилард (29 поени) го предводеа Протланд до победата. Најефикасен на натпреварот со 32 поени беше бекот на Никс, Тим Хардавеј јуниор.

Одличен меч на Флорида одиграа Орландо Меџик и Торонто Репторс. Гостите од Канада славеа 91:89, а решавачките поени ги постигна Дени Грин во последната секунда. Грин мечот го заврши со 13 поени, пет повеќе постигна Каваи Ленард. Најефикасен на мечот беше играчот на Орландо Еван Фурние со 28 поени, а Црногорецот Никола Вучевиќ забележа 14 поени и 18 скока.

Победа на Флорида, но во Мајми забележаа Бруклин Нетс 92:104. Играчите на Бруклин во последниот период го решија прашањето околу победникот. Решавачката четвртина ја добија со 30:15.

Дианџело Расел со 20 поени го предводеше Бруклин, додека поен повеќе за Мајами постигна Хасан Вајтсајд.

Scroll to Top