Top Sport

Севилја ќе го откупи договорот на Андре Силва

Португалскиот напаѓач, Андре Силва, ќе потпише траен договор со Севилја, откако во клубот од Андалузија решиле да ја активираат клаузулата од 30 милиони евра. Силва инаку е играч на Милан, а сезонава и е позајмен на Севилја.

Португалецот, минатата сезона, не ги оправда очекувањата во Милан, меѓутоа ја врати голгетерската форма откако пристигна во Севилја. Шпанците решиле дека треба да го задржат, иако во Милано се се согласни со оваа опција.

„Невивачите можат да бидат мирни, Силва ќе остане во Севилја и ќе потпише долгорочен договор. Имаме опција да го задржиме и ние ќе го направиме тоа“, рекол спортскиот директор на клубот Хоакин Капарос.

Милан за Андре Силва, на Порто му плати 40 милиони евра, а тој во првата сезона постигна само два гола во Серија А. Во Шпанија е многу подобар и на 11 натпревари веќе постигнал седум гола.

Scroll to Top