Top Sport

Алонсо: Повеќе не можам да го трпам ова што се случува во Ф1

Фернандо Алонсо, двократен Формула 1 шампион, в недела ќе ја вози својата последна трка во овој спорт. Последната трка во својата Ф1 кариера, Шпанецот, ќе ја вози во Абу Даби, во болидот на Мекларен.

„Ова повеќе не е Формула 1 поради што сакав да станам возач. Заминувам бидејќи повеќе не е интересно. Ова е лошо шоу. Повеќе се говори за она што се случува крај патеката и за радио пораките, отколку за трките“, рекол 37-годишниот Шпанец.

Најмногу му пречелот тоа што Формула 1 станал предвидлив спорт.

„Можам однапред да ви ги напишам првите 15 за наредната трка. Можеби би згрешил двајца или тројца возачи. Тешко ми е да прифатам колку е ова предвидливо. Повеќе задоволство и возбуда чувствувам во другите автомобилски серии“.

Алонсо исто така бил разочаран и од промените во правилата.

„Тие нови правила ја однесоа Ф1 во погрешна насока. Повеќе не се важни креативноста и тактиката. Сите имаат исти гуми, тежина, имаат идентична количина на гориво во резервоарите…Тоа им помогна само на возачите што имаат помалку талент“.

ФИА најави промени во правилата, во 2021 година, меѓутоа Алонсо смета дека е доцна за такво нешто, а самиот не верува дека повеќе ќе вози во Формула 1.

Scroll to Top