Top Sport

Де Хеа сакал плата каква што има Алексис Санчез

Договорот што Давид Де Хеа го има со Манчестер Јунајтед истекува на крајот од оваа сезона, поради што со причина се поставува прашањето дали голманот ќе остане на „Олд Трафорд“ или ќе бара нов клуб.

Англиските медиуми пишуваат дека Де Хеа би останал во Манчестер Јунајтед и во наредните години, но само доколку добие иста плата каква што има Алексис Санчез. Чилеанецот, неделно заработува 350.000 фунти. Сериозен интерес за шпанскиот репрезентативец покажуваат ПСЖ и Јувентус.

Интересно е што во договорот на Де Хеа постои опција, според која клубот на своја рака може да го продолжи договорот со голманот на уште една година, но познавачите на приликите велат дека доколку Јунајтед направат нешто вакво тогаш, во летото 2020 година Шпанецот сигурно ќе замине од клубот без обесштетување.

Голманот според актуелниот договор неделно заработува 275.000 фунти, а досега ги одбил сите понуди за потпишување на нов договор. Покрај поголема плата, Де Хеа, барал гаранции дека клубот во иднина ќе се бори за трофеи.

Во целата ситуација не е исклучена ниту опцијата, Манчестер Јунајтед, по завршувањет на сезоната да го продаде Де Хеа за 75 милиони фунти. Во тој случај како можни замени се споменуваат Кејлор Навас или Џордан Пикфорд.

Девојката го убедува Де Хеа да остане во Манчестер!

Scroll to Top